Урнебесна снимка од Северна Кореја: Освоија трофеј, па хистерично скокаа и плачеа околу Ким Јонг Ун (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Женскиот фудбалски клуб Наегохјанг испиша нова страница во спортската историја на Северна Кореја, откако стана првиот клуб од земјата што успеал да ја освои Азиската женска Лига на шампиони.

По големиот триумф беше организирана свечена церемонија, на која фудбалерките и членовите на стручниот штаб добија честитки лично од севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

На снимките што ги објавија државните медиуми може да се видат емотивни моменти од прославата. Додека Ким се поздравуваше и се ракуваше со секоја членка на шампионскиот состав, дел од фудбалерките не успеаја да ги задржат солзите, преплавени од емоции по историскиот успех.

Со пехарот во рацете, играчките гордо ја прославуваа титулата, а во еден момент воодушевено почнаа да скокаат околу севернокорејскиот лидер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×