152
Холандскиот
фудбал на репрезентативен план подолг период бележи неуспеси, но големо
изненадување се случи вечерва каде Португалците беа надиграни во секој сегмент
од играта и поразени убедливо со 0-3 на контролниот меч што се одигра во Женева,
Швајцарија.
Головите за
победничкиот табор ги постигнаа Депај, Бабел и Ван Дијк, сите три во првото полувреме, а
Португалија од 61. минута па се’ до крајот играше со играч помалку откако Кансело доби втор жолт картон, и
по автоматизам предвреме беше испратен во соблекувалната.
68 минути на мечот играше Кристиано Роналдо
кој беше заменет со Жоао Мутињо, а првата ѕвезда на Португалија не можеше да му
помогне на својот тим да избегне убедлив пораз вечерва.