85
ПСЖ почна
преговори со претставниците на Антонио Конте, италијанскиот фудбалски стратег
кој е на излезна врата од англискиот првак Челси.
Извесно е дека
Унаи Емери нема да продолжи со тимот од Париз, неговиот актуелен важечки
договор со клубот истекува претстојното лето, а очигледно е дека клубот нема
намера да ја продолжи соработката со шпанскиот стратег.
Одреден период се споменуваа Мурињо, Симеоне и Алегри како опции за клупата на ПСЖ, но голема е веројатноста дека Манчестер јунајтед ќе продолжи со Португалецот а Симеоне би останал во Атлетико Мадрид, исто како и Алегри во Јувентус.