Се шпекулира дека
италијанскиот првак и европски вицешампион, Јувентус планира во летниот преоден
рок да испрати понуда до римски Лацио за Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Познато е дека
српскиот интернационалец кој игра во животна форма веќе подолг период е на листата
на желби на повеќе европски гиганти, меѓу кои се Манчестер Сити, Манчестер
јунајтед и ПСЖ.
„Тутоспорт“
пишува дека тимот од Торино застанал во ред за Милинковиќ-Савиќ, а воедно
Србинот ќе биде нивен приоритет за летниот трансфер преоден рок.
Сепак, вреди да
се напомене дека комплицирани би биле преговорите, од причина што не баш сите
клубови се подготвени да искешираат 100 милиони евра за некој фудбалер, колку
што се шпекулира дека има вредност срспкиот фудбалер.
Дел од
италијанските медиуми пренесуваат дека првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито
преферира продажба на својот фудбалер надвор од Италија, а не на еден од
неговите ривали во Серија А.