Дуелот помеѓу Италија и Аргентина заврши без ниту еден жолт картон, Еткинсон му ја открил причината на аргентински репрезентативец

by
1 минути читање

Аргентина ја
совлада Италија со 2-0 во контролниот меч кој се одигра синоќа на „Итихад“
арената во Манчестер, а реткост е тоа да Аргентинците завршат натпревар без
ниту еден жолт картон, па дури и на пријателски меч.

Тоа се случи
токму во Манчестер, каде англискиот арбитар Мартин Еткинсон не додели ниту една
опомена, ниту на едната, ниту на другата страна, а причината за тоа ја откри
Мануел Ланцини, еден од стрелците на погодоците за победничкиот табор, покрај
Банега.

Судијата ми рече
дека ова му е последен меѓународен натпревар на кој ја дели правдата, па сакаше
истиот да заврши бз ниту еден жолт картон
“ откри Аргентинецот по мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани