ПСЖ преку пенали до одбрана на трофејот во Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

ПСЖ ја одбрани титулата во Лигата на шампионите откако по подобро изведување на пенали го победи Арсенал, мечот во регуларниот тек беше 1-1.

Втора година по ред ПСЖ победува во Лигата на шампионите, овојпат падна Арсенал во една изедначена битка.

Топчиите имаа фантастичен старт на натпреварот, со прекрасен гол на Хаверц уште во шестата минута поведоа со 1-0.

По дадениот гол Арсенал се повлече, ПСЖ тешко создаваше шанси, тешко им беше и воопшто да шутнат на голот на противникот.

Но, една грешка во 65. минута на Москера кој направи фаул за пенал, му донесе израмнување на ПСЖ, Дембеле беше прецизен од белата точка.

По примениот гол Арсенал се отвори и почнаа да се создаваат шанси, но немаше погодоци, по 90 минути беше 1-1.

Во продолженијата беше исто, и двете екипи се обидуваа да го решат мечот пред пеналите, но немаше погодоци.

Во пенал серијата фудбалерите на ПСЖ промашија еднаш, Мендеш не реализираше пенал, кај Арсенал Езе шутна катастрофално, а во последната серија Габриел биеше над голот по што почна славјето на францускиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×