Пике открива дека има тајна група на Ватсап за да ги „трола“ колегите од Реал Мадрид!

by
3 минути читање

Жерард Пике
секогаш е прв кога треба да се испрати провокација до лутиот ривал или да се
истролаат „Кралевите“, и очиглено медиумите и социјалните мрежи не му се
доволни.

Во пост за „Плејерс
Трибјун“, дефанзивецот откри дека креирал тајна група на Ватсап наменета за
играчите на Барса и Реал која служи за пецкање и јадење го*на.

„Ќе ви кажам една
инсајдерска информација. Сите знаат дека фудбалерите имаат групи на Ватсап. Јас
имам една за моите пријатели дома, и имам уште една за моите соиграчи од
Барселона. Но онаа која ми е најомилена веројатно ќе ве изненади
– вели Жерард Пике.

„На почетокот од
сезоната, кога бевме на осум или двет бода разлика во однос на Реал, креирав
специјална грпуа за момците од репрезентацијата на Шпанија кои играат за Реал
Мадрид и Барселона
.

„Во групата само
се пецкаме и јадеме го*на за Реал и Барселона. Се однесуваме како мали деца. Во
моментов е особено урнебесно за мене бидејќе имаме 15 бода повеќе од Реал. Па
прилично сум креативен во одоговорите
.

„Минатата сезона,
кога Реал победуваше на секој натпревар, момците се чувствуваа прилично добро.
Постојано јадеа го*на кога и да се видевме на тренинг со националниот тим
.

„По секоја победа
на социјалните мрежи објавуваа разголени фотографии од соблекувалната. Се
смееја, ги покажуваа мускулите како „Д Рок“ со хаштагот
Хала Мадрид и постираа емоџи со мали
трофеии
.

„Оваа сезона
вибрациите се сосема поразлични. Нивните фотографии на Инстаграм се прилично
тажни „Освоивме три бода денеска. Мораме да продолжиме со напорната работа!“. Па
јас им пишувам во Ватсап групата, „Ајде момци, зошто толку сериозно?!“ Па ќе
ставам емоџи со солзи и емоџи кое се смее
.

„Дури одбрав и
специјално име за групата. Таа се вика „ЧЕСТИТКИ!“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани