Претседателот на
„Кралевиет“ вечерва се појави на хуманитарната забава која ја организара
поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Естебан Гранеро по повод петтото издание
на неговата добротворна иницијатива „Ла Сена Пирата“ која собира средства за помош
на деца кои боледуваат од рак.
Па неизбежни беа
прашањата за можноста Кристијано Роналдо да се пресели во Кина по изјавата на
поранешниот селектор на Португалија Луис Фелипе Сколари.
„Ако имате
пријател во Кина ќе го прашата кеко е таму, сигурно нема да го прашате како е во Индонезија!” – одговори Флорентино Перез. „Доколку
имате пријател во Хонг Конг ќе го прашате како е во Хонг Конг, тоа е нормално”.
Околу најавуваниот мега трансфер на Нејмар, тој додаде: „Знаев дека ќе ме
прашата за ова, ќе треба добро да размислам па потоа ќе ви одговорам”.