ПСЖ доби нови причини за грижа на само една недела пред финалето од Лигата на шампионите против Арсенал, бидејќи Усман Дембеле и Ашраф Хакими уште не тренираат со остатокот од екипата.
Француските медиуми пренесуваат дека двајцата важни фудбалери го пропуштиле тренингот во саботата, што предизвикало загриженост кај стручниот штаб на Луис Енрике пред големиот меч во Будимпешта.
Хакими и понатаму има проблеми со повредата на бутот заработена во полуфиналето и работи по посебна програма, додека Дембеле останал под надзор на лекарскиот тим поради болки во листот. Од таборот на ПСЖ сепак пристигнаа и позитивни вести, затоа што Нуно Мендеш и Вилијан Пачо без проблеми го одработиле тренингот и се очекува да бидат подготвени за финалето.
Големото финале од Лигата на шампионите се игра на 30 мај во Будимпешта, каде ПСЖ ќе ја брани европската титула против Арсенал, кој ќе се обиде за првпат да стане шампион на Европа.