Алексис Санчез во
јануари ги засили „Ѓаволите“ од Арсенал и на Олд Трафорд пристигна како еден од
најдобрите играчи во Премиерлигата, но неговата авантура во најтрофејниот клуб
од Англија не оди според планот.
Чилеанецот, кој е
најплатен играч на „Островото“ со неделна плата од околу 600.000 фунти, прикажува
очајни партии и е само бледа сенка на фудбалерот кој беше главна ѕвезда на
Емирати.
Денешното издание
на Дејли Мејл вели дека ваквиот развој на настаните ги загрижува лидерите на
Манчестер јунајтед кои стравуваат дека Алексис Санчез би можел да ја доживее
судбината на Анхел Ди Марија и да се покаже како големо промашување.
Извештајот вели
дека Чилеанецот изгледа како несреќна и изолирана личност во соблекувалната и
често јаде сам во кантината, далеку од соиграчите.
Се вели дека
Алексис Санчез делува на играч кој жали за рекордниот трансфер на Олд Трафорд,
па дури се прават и споредби со Анхел Ди Марија, кој во 2014 пристигна во
Манчестер јунајтед за тогашни рекордни 60 милиони фунти за „Островото“.
Извор близок до
Јунајтед вели: „Изгледа како некој кој не сака да биде тука. Целата работа не
изгледа добро, Алексис делува како изгубено момче. Исто беше и со Ди Марија“.