„Те молам немој утре да го убиеш!“ – Мурињо со специјално барање по трансферот на Алексис Санчез

by
2 минути читање

Репрезентативецот
на Аргентина, Маркос Рохо веројатно е единственото лице на Олд Трафорд кое не
се радувало на вестите за пристигнување на Алексис Санчез.

Дефанзивецот
откри како реагирал кога дознал за трансфер на Чилеанецот и раскажа
интересна анегдота за тоа што му порачал Жозе Мурињо.

„Алексис е
одличен играч, но не се согласувавме многу на теренот
– вели Маркос Рохо за ТиК Спортс.
„Секогаш кога се среќававме еден против друг, без разлика дали тоа бил меч
помеѓу Аргентина и Чиле или пак Манчестер јунајтед против Арсенал, добро го
клоцав на теренот, а тој возвраќаше во иста мера“.

„Но тука не
застанувавме, јас го вреѓав а и тој мене. Па кога дознав дека ќе се пресели во
Манчестер јунајтед, реков: „Што по ѓаволите?. Нема шанси овој да ми се
придружи“. На тренинг кампот во Дубаи, Мурињо ми пријде, ме потапка по рамо и
ми рече: “Ќе го купиме Алексис. Те молам немој утре да го убиеш на тренинг“. И
потоа „пукна“ од смеење“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани