144
Милан со пресврт
дојде до исклучително важен триумф од 3-2 во дуелот на домашен терен против
Киево во рамките на 29 коло од италијанската Серија А.
Интересно беше во
финишот од средбата во Милано, каде темпераментниот Џенаро Гатузо, шефот на
стручниот штаб на Милан имаше бурна реакција откако пропушти да види колку
минути продолжи судијата по истекот на регуларните 90 минути игра.
Тоа што
доболнително го изнервира Гатузо беше фактот што дури и неговите помошници не
увиделе колку минути дополнително ќе се игра на таа средба…