Неколку извори од Англија пренесуваат дека Челси размислува да покрене тужи Манчестер Сити поради назначувањето на Енцо Мареска за нов тренер.
Вчера пристигна вистинска „бомба“ од „островото“, Пеп Гвардиола го напушта Манчестер Сити по крајот на сезоната.
Денеска пак беше објавено дека „граѓаните“ веќе донеле одула и го избрале Енцо Мареска за негов наследник
Ваквиот развој на настаните не му се допаднал на Челси, според информациите, клубот од Стемфорд Бриџ размислува да покрене тужба против Манчестер Сити.
Тие веруваат дека контактите помеѓу Енцо Марска и Манчестер Сити започнале уште додека стратегот бил под договор со нив, и сметаат дека токму ветувањето дека ќе го наследи Пеп Гвардиола, била една од главните причини италијанскиот стратег да реши да си замине од Лондон.
Па „сините“ ќе бараат финансиска компензација, односно Манчестер Сити да плати значителна сума за ангажман на Енцо Мареска.