Избраниците на
Сари го искористија киксот на Јувентус за одново да ја направат интересна
трката за Скудетото. Вечерва Наполи ја доби пресметката со Џенова со минимални
1-0, но резултатот не го одликува она што се случуваше на теренот.
Домаќините имаа
неколку 100% шанси, Инсиње ја погоди стативата во првиот дел, а Мертенс пак ја
тресеше рамката од голот во вториот дел.
Па кога не им
одеше на напаѓачите, на сцена стапи Албиол. Дефанзивецот највисоко скокна по
еден корнер од левата страна и донесе 1-0.
Нашиот Горан
Пандев не успеа да постигне гол и против својот трет поранешен клуб откако
изминативе месеци ги тресеше мрежите на Интер и Лацио. Македонецот помина 67.
минути на теренот, а мала утеха може да му биде тоа што кога ја напушти играта доби аплауз од домашните фанови кои
очигледно ни ги забораваат неговите две години поминати на Сан Паоло.