Интер Мајами стигна до победа од 2-0 против Портланд Тимберс, а во центарот на вниманието повторно беше Лионел Меси со гол и маестрална асистенција.
Американскиот тим поведе по половина час игра кога фудбалерите на Интер Мајами одиграа одлична акција, а Меси рутински ја заврши за водство од 1-0.
Само десетина минути подоцна Аргентинецот уште еднаш ја покажа својата класа. Меси испрати фантастично додавање до Бертераме, кој без проблеми погоди за 2-0. Тоа се покажа и како конечен резултат, а Интер Мајами без поголеми проблеми ги освои трите бода.