Реванш средбата
помеѓу Арсенал и Милан на „Емирејтс“ арената во Лондон донесе доста
контроверзен пенал за домаќините кој во гол го претвори Велбек.
Напаѓачот на
Арсенал падна како покосен а не беше ни допрен од Родригез, судијата наседна на
оваа глума и додели удар од белата точка за домаќините кои израмнија во
исклучително важен момент од средбата.
Не стивнуваат
реакциите по тоа што се случи во Лондон, а се чини најголемиот гнев е кај Хакан
Чалханоглу, фудбалерот на Милан кој вели дека таа ситуација ќе ја памети
засекогаш.
„Игравме добро,
но тоа не беше воопштп лесно, примивме неверојатен гол, па не е нормално во
Лига Европа да се види ова. Рикардо Родригез не го ни допре Велбек, но за
судијата тоа беше пенал сеедно. Мене ме фаулираа на првиот меч па не паднав
така. Јасно е дека таа одлука во голем дел го промени текот на играта на мечот.
Реагиравме добро и по израмнувањето на домаќините, имавме свои шанси, но тоа е
фудбалот. Судијата беше играч на мечот и ова нема никогаш да го заборавам“ рече
Чалханоглу.