168
Бешикташ се
прости од овогодинешната сезона во Лигата на шампионите, откако во
осминафиналето беше елиминиран од Баерн Минхен.
На реваншот пред
своја публика се случи мал прекин, предизвикан од мачка која влезе на теренот,
а главниот арбитар на средбата, британецот Мајкл Оливер го прекина мечот за
момент.
Европската куќа
на фудбалот УЕФА покрена дисциплинска постапка против турскиот првак поради
прекинатиот меч, а делегатот од тој натпревар го означил прекинот како пропуст
во организацијата.