Според последните информации од Италија, Роберт Левандовски е отворен за можноста да се пресели во Серија А, но притоа има високи финансиски барања.
Италијанските медиуми пренесуваат дека полскиот голгетер е на радарот на Милан и Јувентус, кои наводно сакаат да го ангажираат ова лето.
Според „Кориере дело Спорт“, агентот на Левандовски, Пини Захави, во изминатиот период одржал состаноци во Италија со претставници на двата клуба. На тие разговори, покрај Левандовски, бил понуден и дефанзивецот на Реал, Давид Алаба.
Договорот на Левандовски со Барселона истекува во јуни, а засега не е познато дали ќе има продолжување на соработката.
Истиот извор наведува дека Јувентус е подготвен да му понуди плата од околу седум милиони евра годишно, сума која би ја заработува и Кенан Јилдиз.