ПСЖ не заборава и во ова финале ќе го повтори потегот од минатата година

by Стефан
1 минути читање

Пари Сен Жермен ќе им обезбеди бесплатен превоз и билети на сите свои вработени за финалето на Лигата на шампионите против Арсенал во Будимпешта, потег кој францускиот гигант го направи и минатата година.

Одлуката на сите вработени им била соопштена преку порака од претседателот на клубот, Насер Ал-Келаифи.

Ал-Келаифи им се обратил на членовите на персоналот откако клубот обезбеди второ последователно финале во Лигата на шампионите, нагласувајќи дека станува збор за историски успех.

„Ова историско достигнување е признание за напорната работа, високите стандарди и посветеноста на сите кои секојдневно придонесуваат за континуираниот раст на Пари Сен Жермен“, порачал претседателот на клубот.

Тој истакна дека пред тимот останува уште еден, последен чекор.

„Иако овој пласман е огромна гордост за нашиот клуб, пред нас е уште последниот чекор што мора да го направиме заедно во Будимпешта. Тоа ќе бара целосен фокус, непоколеблива решителност и апсолутно единство од сите нас. Во Будимпешта нашиот тим нема да ги претставува само нашите бои – ќе ја носи со себе енергијата, посветеноста и страста на целото семејство на Пари Сен Жермен. Секој сектор, секоја улога и секој член на персоналот придонесува за овој заеднички подем и амбицијата што секојдневно го движи нашиот клуб“, стои во пораката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×