Астон Вила го прегази Нотингем и ќе игра за трофејот во Лига Европа против Фрајбург (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Астон Вила и Фрајбург обезбедија место во финалето на Лигата на Европа и закажаа директна пресметка за трофејот.

Астон Вила вечерва на домашен терен го декласираше Нотингем Форест со убедливи 4-0 во англиската пресметка од полуфиналето и со вкупни 4-1 избори пласман во финалето.

Херои на тимот од Бирмингем беа Џон Мекгин и Емилијано Буендија. Мекгин постигна два гола, додека Буендија запиша погодок и асистенција.

Првиот удар за гостите пристигна во 36. минута, кога Буендија одлично го проигра Оли Воткинс, а напаѓачот сигурно реализираше за водство од 1:0, резултат со кој се замина на паузата.

Во 57. минута судијата покажа на белата точка по прекршок на Никола Миленковиќ во шеснаесетникот. Одговорноста ја презеде Буендија, кој беше прецизен од пенал за 2:0.

Потоа на сцена стапи Мекгин, кој со голови во 77. и 80. минута ги разреши сите дилеми околу победникот и патникот во финалето, поставувајќи ги конечните 4:0.

Во второто полуфинале, Фрајбург пред своите навивачи со 3:1 ја совлада Брага, која речиси целиот натпревар го одигра со фудбалер помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×