Чилеанецот во
последниот ден од летниот преоден рок беше на чекор до преселба на Етихад, но
зделката пропадна во последен момент.
Кога стана јасно
дека Арсенал дефинитивно ќе го продаде Алексис Санчез во јануари, сите го видоа
напаѓачот во дресот на „Граѓаните“. Сепак, тој заврши во црвената половина на
Манчестер откако „Ѓаволите“ го украдоа играчот од пред носот на лутиот градски
ривал.
Манчестер Сити не
сакаше да ја зголеми понудата за која си подадe рака со Алексис Санчез во
август, па Манчестер јунајтед го искористи ова и го донесе фудбалерот на Олд
Трафорд.
Сепак, Алексис Санчез игра далеку под очекувањата во дресот на најтрофејниот
клуб и на негова адреса стигнуваат критики од сите страни. Тој вчера имаше нова
разочарувачка партија и не можеше да стори ништо за „Ѓаволите“ да избегнат
срамна елиминација од Севиља во Лигата на шампионите.
„Санчез се труди
и го дава максимумот, но колку повеќе работи толку се полоши работите за тимот” – вели легендата на Манчестер
јунајтед, Пол Инс.
„Се обложувал
дека веќе се кае и жали што не почека до крајот на сезоната пред да се пресели
во друг клуб”.
„Очиглендо е дека
не се вклопува во фудбалот на Жозе Мурињо. Мислам дека многу подобро ќе се
вклопи во Манчестер Сити”.