Аргентинецот Џанлука Престијани се соочува со реална можност да го пропушти настапот на Светското првенство, поради суспензијата што му беше изречена од УЕФА по инцидентот со Винисиус Жуниор во Лигата на шампионите.
Од ФИФА потврдија дека казната нема да важи само за европските натпреварувања, туку ќе се применува глобално, односно и на турнирите под нивна надлежност, вклучително и Мундијалот. Престијани, кој настапува за Бенфика, доби суспензија од шест натпревари, од кои три се условни, еден од одработи веќе и тоа реваншот против „кралевите“.
„Дисциплинската комисија на ФИФА реши да ја прошири казната на светско ниво, согласно член 70 од Дисциплинскиот кодекс“, информираа од Светската фудбалска организација.
Со ова, Престијани ќе ги пропушти најмалку првите два натпревари на Аргентина на Светското првенство. Доколку направи нов прекршок, ќе се активира и остатокот од санкцијата, што дополнително би го оддалечило од терените.
Оваа ситуација сигурно ќе биде дилема и за селекторот Лионел Скалони, кој ќе треба внимателно да одлучи дали воопшто да го вклучи Престијани во составот за настап на Мундијалот.