Един Џеко донесе
минимална но мошне значајна победа за Рома во реванш пресметката против
украински Шахтјор во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Тимот од Рим се најде
помеѓу осумте најдобри во Европа, а Џеко по средбата беше краток и јасен,
истакна дека ваквите натпревари се причина зошто останал во Рома, иако во
јануарскиот преоден рок можеше да го облече дресот на Челси.
„Не сакав да го напуштам
клубов во јануари токму поради ваквите натпревари. Успеавме да направиме нешто
што не ни одеше од рака во претходните десет години, горди сме на фактот што ќе
играме против големи клубови во продолжението од Лигата на шампионите“ изјави
босанскиот дијамант.
Џеко единствениот гол на
реванш средбата во Рим го постигна во 52. минута, а победничкиот гол го фрли во
транс легендарниот коментатор Карло Зампа, овој фанатичен навивач на Римската
волчица имаше бурна реакција од воодушевување.
Тимот од Рим на
утрешната ждрепка ќе добие еден од ривалите во четвртфиналето а ривалот би
можел да биде Реал Мадрид, Јувентус,
Манчестер Сити, Севиља или пак Ливерпул.
Вечерва ќе се дознаат
уште два патника во следната фаза, Баерн по гостинската победа од 0-5 кај
Бешикташ веќе е со една нога во четвртфиналето, а по ремито од 1-1 во Лондон,
Барселона пред своја публика ќе се обиде да го искористи гостинскиот гол против
Челси.