Тренерот на Арсенал, Микел Артета е пресреќен по пласманот во финалето од Лигата на шампионите, кое за топчиите ќе биде второ во историјата.
Арсенал со гол на Сака го победи Атлетико Мадрид со 1-0 и со вкупни 2-1 се пласираше во големото финале. Микел Артета е презадоволен.
„Ова беше неверојатна ноќ. Направивме историја заедно. Не можам да бидам посреќен и погорд на сите инволвирани во овој клуб. Пред стадионот беше посебно и единствено. Атмосферата која ја создадоа навивачите, енергијата, го направи овој меч посебен. Никогаш не сум се почувствувал вака на стадионот“, рече Артета по мечот.
„Дадовме се од себе. Момците направија неверојатна работа. По 20 години и само вторпат во историјата сме во финалето од Лигата на шампионите“.
On the cusp of history. pic.twitter.com/sFLDPSU91I
— Arsenal (@Arsenal) May 6, 2026