Mбапе се огласи откако беше „уловен“ како се „опоравува“ од повредата во Италија

by Стефан
1 минути читање

Килијан Мбапе се опоравува од повреда, но наместо да биде поддршка соиграчите на натпреварот против Еспањол кога веќе не може да е на теренот, беше „уловен“ на јахта во друштво на девојка.

Овој потег предизвика бурни реакции кај навивачите, кои жестоко го критикуваа, сметајќи дека вакво однесување во текот на сезоната е недозволиво.

По лавината реакции, се огласи и францускиот голгетер.

„Критиките се базираат на преувеличување на деталите околу неговото закрепнување, кое се одвива под строг надзор на клубот. Тоа не ја отсликува реалната посветенос и напорот што секојдневно го вложува за доброто на тимот“, се вели во соопштението од неговиот тим.

Случајот го коментираше и тренерот на Реал, Алваро Арбелоа.

„Секое планирање на опоравувањето од повреди е под надзор и се спроведува од медицинските служби на Реал. Тие одлучуваат кога е потребно играчите да се појават во Валдебебас“, изјави Арбелоа по победата над Еспањол (2-0) во 34. коло од шпанската Ла Лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×