Јунајтед веќе има листа на желби, Тонали и уште четворица од Италија!

by Стефан
1 минути читање

Манчестер Јунајтед сериозно се подготвува за летниот преоден рок, со јасна намера да го засили средниот ред, а на радарот на „црвените ѓаволи“ се најдоа неколку ѕвезди од италијанската Серија А, вклучувајќи го и италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали.

Британските медиуми пренесуваат дека клубот од „Олд Трафорд“ е подготвен да инвестира 150 милиони фунти (околу 173 милиони евра) во нови засилувања ова лето, со посебен акцент на средниот ред.

Според италијанскиот трансфер-експерт Алфредо Педула, интерес за играчот од средината на теренот на Аталанта, Едерсон, покажуваат и Јунајтед и Атлетико Мадрид. Во моментов, шпанскиот клуб е во подобра позиција, со понуда од 30 милиони евра плус бонуси.

Сепак, Аталанта не планира да се откаже од Бразилецот за помалку од 40 милиони евра, што значи дека трката за неговиот потпис останува отворена.

Во меѓувреме, Сандро Тонали, кој настапува за Њукасл, веќе подолго време се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед, но интерес за него покажале и Арсенал и Манчестер Сити.

Минатиот месец, „Тутоспорт“ објави дека и играчот од средниот ред на Јувентус, Теун Копмајнерс, го привлекол вниманието на Јунајтед, но и на турскиот Галатасарај. Покрај засилувањата во средниот ред, Јунајтед бара решенија и во нападот. На нивниот список се и ѕвездите на Милан, Рафаел Леао и Кристијан Пулишиќ.

Претставници на англискиот клуб го следеле Леао на натпреварот меѓу Милан и Јувентус (0:0) пред две недели, а „Газета дело Спорт“ пишува дека Јунајтед е подготвен да понуди размена на играчи со Мануел Угарте, Џошуа Зиркзе или Маркус Рашфорд плус дополнителна сума.

Според „Калчомеркато“, во Јунајтед се импресионирани и од разновидноста на Пулишиќ, но се свесни дека Милан нема да го продаде капитенот на американската репрезентација за сума помала од 60 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×