Лоши вести од Мадрид, нова повреда и крај на сезоната за ѕвездата на Реал

by 24 фудбал
1 минути читање

Ферланд Менди ја заврши сезоната, откако заработи сериозна повреда на дуелот против Еспањол (2-0) во Ла Лига.

Реал Мадрид ги потврди црните најави. Французинот има скината тетива на десната нога и го очекува подолга пауза, а доколку оди на операција, закрепнувањето може да трае и до пет месеци.

Менди оваа сезона запиша девет настапи без постигнат гол, а со „кралевите“ има договор до 2028 година. Проблемите со повредите сериозно му влијаеа на развојот во кариерата.

Левиот бек беше дел од Франција на претходното ЕП, но по тој турнир не добива повици од селекторот Дидие Дешамп и нема да биде во комбинација за настап на Светското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×