Колку бодови му се потребни на Арсенал за прва титула во Премиерлигата по 22 години?

by bojan
1 минути читање

Арсенал повторно е во пол-позиција во трката за титулата во Премиерлигата, „топчиите“ сами ја контролираат судбината и доколку победат на трите натпревари до крајот, конечно ќе се израдуваат на победа по пауза од 22 години.

Жереми Доку со прекрасен гол во 97. минута вчера донесе драматичен бод за Манчестер Сити на гостувањето кај Евертон, но ова може да се покаже како премалку во битката за титулата.

Ремито на „граѓаните“ повторно го стави Арсенал во пол-позиција и момците на Микел Артета сега сами ја контролираат судбината.

Математиката е едноставна, доколку „топчиите“ победат во последните три кола и освојат девет бода, ќе ја освојат Премиерлигата за прв пат по 22 години.

Пред Арсенал сега е гостување кај Вест Хем, потоа дома го пречекуваат Барнли, за во последното коло да гостуваат кај Кристал Палас.

Од овие три натпревари, најтешка е пресметката против „чеканите“ кои се борат за опстанок.

„Ако Арсенал победи против Вест Хем во сабота, ќе бидат шампиони“ – порача Џејми Карагер во својата анализа на Скај Спортс.

И Тјери Анри смета дека ова е клучен натпревар, кој може да донесе нов пресврт.

„Претходно кажав дека Сити може да киксне против Евертон и загрижен сум дека истото може да му се случи и на Арсенал против Вест Хем. Па нема да почнам да славам. Ништо не е завршено, но можам да видам како Арсенал го крева трофејот“ – вели легендата на клубот од Северен Лондон.

Арсенал

Одиграни натпревари: 35 | Бодови: 76 | Гол-разлика: 41

Преостанати натпревари:

Недела, 10 мај: Вест Хем (гости)
Понеделник, 18 мај: Барнли (дома)
Недела, 24 мај: Кристал Палас (гости)

Манчестер Сити

Одигран натпревари: 34 | Бодови: 71 | Гол-разлика: 37

Преостанати натпревари:
Сабота, 9 мај: Брентфорд (дома)
Среда, 13 мај: Кристал Палас (дома)
Вторник, 19 мај: Борнмут (гости)
Недела, 24 мај: Астон Вила (дома)

Можно е и ова да ти се допаѓа

×