Тиквеш ќе биде казнет, ФФМ отвори постапка

by Стефан
1 минути читање

Фудбалска федерација на Македонија денеска одржа седница на која се носеа одлуки за натпреварите одиграни во Кавадарци и Кратово.

На натпреварот помеѓу Тиквеш и Арсими на трибините се појави транспарент со навредлива содржина упатена кон федерацијата. Поради овој потег, веќе е покрената дисциплинска постапка, а случајот е проследен до надлежната комисија.

Дополнително, било евидентирано и фрлање пиротехнички средства на теренот од страна на домашната публика, што претставува сериозен прекршок според правилниците.

„На натпреварот меѓу ФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973, одигран на 3 мај 2026 година во Кавадарци, било констатирано сериозно прекршување од страна на домашната публика. Навивачката група „Лозари“ употребила пиротехника, при што 38 пати биле фрлани пиротехнички средства на теренот. И покрај двете предупредувања преку разгласот, инцидентите продолжиле. Дополнително, бил истакнат и провокативен банер со навредлива содржина кон ФФМ, кој бил отстранет по интервенција преку официјалниот спикер. Поради овие случувања, против клубот е покрената дисциплинска постапка и случајот е предаден на Дисциплинската комисија на ФФМ“, објави ФФМ.

Инаку, претходно во текот на денот, првиот човек на Тиквеш, Митко Јанчев, јавно се дистанцираше од критиките и пораките што навивачите ги упатија кон Фудбалска федерација на Македонија

Можно е и ова да ти се допаѓа

×