Репрезентативец на Македонија и фудбалер на Шкендија беснеел во Кратово – искршил врата!

by Стефан
1 минути читање

На денешната седница на Фудбалска федерација на Македонија се расправаше за инцидентите од фудбалските терени кои се случија за викендот.

Како што објавија од федерацијата во Кратово во центарот на вниманието бил репрезентативецот на Македонија, Имран Фетаи.

„На вториот натпревар, меѓу ФК Силекс АД Кратово – ФК Шкендија АД Тетово, одигран на 1 мај 2026 година во Кратово, инцидентите се случиле по завршувањето на натпреварот. Фудбалерот на гостинскиот тим ФК Шкендија, Имран Фетаи, оштетил врата од службените простории, удирајќи ја со нога. За настанот е направен и полициски записник и е земена изјава од играчот“, соопшти ФФМ.

Дополнително, од федерацијата информираат дека и тренерот на тетовскиот тим, Јетон Беќири, покажал несоодветно однесување кон полицијата.

„Дополнително, шефот на стручниот штаб на ФК Шкендија, Јетон Беќири, се однесувал некоректно кон припадниците на МВР, упатувајќи вербални навреди во службените простории“, додаваат од федерацијата.

Поради настаните, Комисијата за натпреварување при Фудбалска федерација на Македонија веќе отвори постапка против клубот Шкендија, како и против Фетаи и Беќири, при што случајот е проследен до Дисциплинската комисија која ќе треба да донесе одлука за евентуалните санкции.

Воедно, на тетовскиот клуб му е наложено во рок од 15 дена од одигрувањето на натпреварот да постигне договор со Силекс за надомест на причинетата штета.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×