Тотнем ја победи Астон вила и излезе од опасната зона (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Тотнем конечно здивна и се оддалечи од ризичната зона на табелата, откако вечерва стигна до исклучително значајна победа на гостински терен против Астон Вила со 1-2, на стадионот Вила Парк, во рамки на 35. коло од Премиер лигата.

Лондонскиот состав одигра одлично во првото полувреме и токму тогаш ја постави основата за триумфот. Конор Галагер го отвори резултатот со прецизен удар, запишувајќи го својот деби-гол за новиот клуб, додека Ричарлисон ја зголеми предноста со удар со глава во 25. минута.

Домашниот тим настапи со комбиниран состав, поради обврските во полуфиналето од Лигата на Европа против Нотингем Форест, што се одрази врз нивната игра. Астон Вила делуваше неорганизирано и без доволно креативност во нападот, но сепак успеа да постигне почесен гол преку Емилијано Буендиа во шестата минута од судиското продолжение за конечни 1-2.

Со оваа победа, Тотнем освои драгоцени бодови и се искачи надвор од опасната зона, додека Вест Хем Јунајтед падна под линијата. Астон Вила, пак, останува на петтото место на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×