Фергусон пренесен во болница, му се слошило на натпреварот против Ливерпул!

by Стефан
0 минути читање

Легендарниот поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, е пренесен во болница откако му се слошило на „Олд Трафорд“ на денешниот натпревар против Ливерпул.

Според „Скај Спортс“, Фергусон е свесен и бил подложен на превентивни медицински прегледи.

84-годишниот Фергусон е редовен гостин на натпреварите на Манчестер Јунајтед, и на домашен и на гостински терен, откако го водеше клубот цели 27 сезони и повеќе од 1500 натпревари пред да се пензионира во 2013 година.

По завршувањето на тренерската кариера, тој продолжи да ја извршува улогата на амбасадор на клубот сè до 2025 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×