Горњик Забже го освои Купот на Полска откако во финалето со 2-0 го совлада Раков Ченстохова, а во центарот на вниманието беше легендарниот голгетер Лукас Подолски.
41-годишниот напаѓач со овој трофеј најави крај на својата богата кариера, крунисувајќи ја приказната со клубот во кој има и сопственички удел.
Иако е роден во Гљивице и по потекло е Полјак, Подолски настапуваше за Германија, со која стана светски шампион во 2014 година.
Во татковината се врати во 2021 година, кога од Анталија се пресели во Забже, на само неколку километри од родниот град, и го облече дресот на Горник, клуб во кој има и ко-сопственички удел.
Подолски тогаш најави дека тимот ќе освои трофеј во рок од пет години, а таа цел ја исполни во својата трета сезона, која најверојатно ќе биде и последна во неговата играчка кариера.
„Кога дојдов тука, ви кажав дека за три до пет години ќе имаме нешто во наши раце. Но, да се случи тоа во мојата последна сезона… Тоа е неверојатно! Го имаме овој куп! Купот е наш!“, порача Подолски.
За Горник ова е прв трофеј по 1988 година кога го освои првенството, а претходно во купот триумфираше во 1972 година.