Интер го подготви бонусот за Скудетото, еве колку милиони ќе се поделат

by bojan
1 минути читање

Сопствениците на Интер, „Оуктри“ го подготвил бонусот за освојување на Скудетото, резервирани се 6 милиони евра кои ќе бидат поделени на играчите и тренерскиот персонал.

Прашање на време е само кога Интер ќе биде потврден за нов шампион на Италија, тоа може да се случи веќе овој викенд против Парма, победа ќе значи Скудето број 21.

Како што пренесува Газета дело Спорт, сопствениците „Оуктри“ веќе го подготвиле бонусот и ги резервирале средствата.

За освојување на Скудетото, фудбалерите и тренерскиот персонал ќе поделат околу 6 милиони евра.

Весникот додава дека во исто време се прават и планови за прославата, која најверојатно ќе се случи на 17. мај, Скудетото да им биде доделено на теренот по мечот против Верона а потоа парадата и забавата да продолжи на Пјаца Дуомо.

Интер се надева дека ќе може да слави двојна круна, на 13. мај се игра финалето во Купот на Италија против Лацио.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×