Андре Силва во 94. минута му донесе победа на Милан! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан загуби во Лига Европа од Арсенал, но продолжи да победува во Серија А, дојде до тешки но многу важни три бода од гостувањето кај Џенова.

Единствениот погодок го постигна Андре Силва во 94. минута од натпреварот, тоа беше и негов прв гол во Серија А.

Претходно Џенова ја затресе мрежата на Милан, но голот им беше поништен поради офсајд со асистенција на ВАР технологијата.

Горан Пандев беше стартер на натпреварот, на теренот остана до 81. минута кога беше повлечен од игра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани