Барселона сака да му се одмазди на ПСЖ за тоа што го „украде“ Дро

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Франција пренесуваат дека Барселона го мерка 17 годишниот Давид Боли, момчето важи за еден од најголемите таленти во школата на ПСЖ, и еден од најперспективните десни бекови во Европа.

Барселона и ПСЖ не се „мирисаат“ по трансферот на Нејмар во 2017 вреден 222 милиони евра, двата клуба.

„Каталонците“ и „светците“ влегоа во нова војна во јануари кога ПСЖ го „украде“ Дро Фернандез, еден од најдобрите во школата на Барселона и го ангажираше фудбалерот од средниот ред во зделка вредна околу 10 милиони евра.

Медиумите од Франција сега пренесуваат дека Барселона подготвува одмазда за оваа зделка и го мерка 17 годишниот Давид Боли.

Тој важи за еден од најголемите таленти во школата на ПСЖ, и еден од најперспективните десни бекови, па сериозно тропа на вратата на првиот тим и „светците“ имаат големи планови за него.

Сепак, Давид Боли ги одбил сите понуди за продолжување на договорот (актуелниот е до јуни 2027).

„Светците“ веруваат дека главна причина за ова е интересот на Барселона, која со месеци внимателно ги следи неговите настапи.

Доколку Лапорта и Деко сакаат уште ова лето да го ангажираат Давид Боли, тогаш ќе треба да седнат на маса со Насер Ал Келаифи, или пак да почекаат до летото во 2027 и тогаш беспари да го донесат на Камп Ноу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×