На повидок епски скандал каков што досега немало: Во Холандија ќе се повторуваат 133 натпревари?!

by Стефан
1 минути читање

Холандскиот фудбал би можел да се најде во сериозна криза поради вистински „хаос“ со пасошите на дел од фудбалерите кои го замениле холандското државјанство со она од поранешни холандски колонии. Иако темата сè уште не е широко експонирана во јавноста, во фудбалските кругови во Холандија веќе со недели наводно владее мала паника.

Според пишувањата на „ЕСПН“, клубовите и раководството на лигата со голема неизвесност ја чекаат одлуката на Холандската фудбалска федерација (КНВБ), дали тековната сезона во холандското првенство воопшто е регуларна и дали дури 133 натпревари ќе мора да се повторат.

Во фокусот се најдоа пасошите на неколку фудбалери кои неодамна добиле државјанство на Индонезија, Зеленортските Острови и Суринам, земји што некогаш биле холандски колонии.

Сè започнало во средината на март, по убедливиот пораз на НАЦ Бреда од 6-0 против Го Ахед Иглс. Во популарниот холандски подкаст „De Derde Helft“, новинарот Рожиер Јакобс објаснил дека левиот бек на Го Ахед Иглс, Дин Џејмс, најверојатно немал право на настап. Џејмс, кој е роден во Холандија, пред една година земал индонезиско државјанство за да може да настапува за таа репрезентација.

Истото го направиле и повеќе актуелни репрезентативци на Суринам и Зеленортските Острови, без да бидат свесни дека со тоа формално се откажуваат од холандското државјанство.

Иако постојат одредени исклучоци, тие не се однесуваат на овие земји, а Индонезија во секој случај не дозволува двојно државјанство. Со стекнување пасоши од земји надвор од Европската унија, Џејмс и уште неколкумина фудбалери практично стануваат странци. Тоа значи дека за настап во ЕУ им е потребна работна дозвола, која тие воопшто ја немале.

Одлуката за првенството според најавите би требнало да биде донесена во текот на неделата која следи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×