Двојна круна за КМФ Проект: За првпат го освоија и купот!

by Стефан
1 минути читање

КМФ Проект сезонава стигна до двојна круна откако вчера во финалето од Купот на Македонија славеше над Кеги Моби со 8-3.

Освојувачот на првенството влезе како фаворит во дуелот и на крајот таа улога ја оправда забележајки убедлива победа. Победата беше најавена во првите 20 минути по кои КМФ Проект водеше со 5-1.

Во продолжението велешани постигнаа уште два гола, но не успеаја да се вратат резултаски во натпреварот. Стрелци на головите за победниците беа: Горан Стојанов (три), Бојан Јанев, Мартин Тодоровски, Никола Анчевски (два) и Ѓорѓи Коцевски. На спротивнатас страна двапати стрелаше Кирил Ивановски и еднаш Трајче Трјаков.

Инаку, за КМФ Проект ова прв освоен трофеј во купот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×