Во францускиот град Еврe вечерва ќе владеат измешани емоции. Во првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите ќе се соочат ѕвездата на ПСЖ, Усман Дембеле – освојувач на „Златната топка“, и дефанзивецот на Баерн Минхен, Дајо Упамекано, двајца француски репрезентативци кои израснале во исто маало.
Без разлика на резултатот, и двајцата ќе имаат силна поддршка од трибините, бидејќи на натпреварот поканиле бројни млади од квартот каде што го поминале детството. Дембеле и Упамекано организирале превоз за младите од населбата Ла Мадлен во Еврe, а според нивни близок пријател, заеднички ги покриле сите трошоци за патувањето до „Паркот на принцовите“.
„Вечерва два автобуси тргнуваат од Ла Мадлен кон стадионот. Тоа беше нивна заедничка идеја, да ги поканат луѓето од маалото. Сè е платено, а ќе добијат и дрес“, открил пријателот во репортажа за „Канал+“.
Ousmane Dembélé et Dayot Upamecano régalent leur quartier à Evreux pour PSG – Bayern 🤩#PSGBAY #UCL pic.twitter.com/XAiOtfryOW
— CANAL+ Foot (@CanalplusFoot) April 27, 2026