Јунајтед го победи Брентфорд и дојде на милиметар до заверка на место во ЛШ!

by riste
1 минути читање

Манчестер Јунајтед и Брентфорд одиграа фантастичен натпревар кој го добија домаќините со 2-1.

Резултатот беше отворен уште во 11. минута кога по едно одлично нафрлување на Фернандеш, Мегваер ја спушти топката до Касемиро, а тој погоди за водство на Јунајтед од 1-0.

Во финишот од првото полувреме Фернандеш асистираше до Шешко кој маестрално се снајде и зголеми на 2-0.

Течеше 87. минута кога Јенсен постигна прекрасен гол од далечина за 2-1 и интересен финиш на мечот.

Брентфорд имаше неколку шанси за израмнување, но Јунајтед го сочува водството и запиша победа.

На момците на Карик потребен им се само еден бод за да заверат пласман во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×