129
Црвена Звезда го совлада Партизан со 3-0 во „вечното дерби“ и на тој начин ја потврди 37. шампионска титула, а на трибините во Белград беше присутен и поранешниот македонски репрезентативец Митко Стојковски.
Пред почетокот на натпреварот, Стојковски излезе пред навивачите и беше пречекан со големи овации од публиката. Во тие моменти од стадионот се слушаше и песната „Ѓурѓевдан“, во чест на јубилејното 100-то дерби, во кое токму Стојковски беше еден од хероите со изнуден пенал и постигнат гол.