Вистинска драма донесе последното коло од петтиот ранг на англискиот фудбал каде што Јорк обезбеди директна промоција во Лига 2 или по ранг четвртата лига во Англија.
Двете екипи во натпреварот влегоа со над 100 бода, Рочдејл имаше 105, а Јорк на врвот со 107. На семафорот вчера сотеше 0-0 се до петтата минута од судиското продолжение кога домаќините постигнаа гол за водство што значеше дека ќе го прескокнат ривалот и директно би обезбедиле место во Лига 2.
По голот следуваше ерупција, дури и навивачите влегоа на теренот, сепак тука не беше крајот. Судијата поради долгиот прекин даде дополнително продолжение, па Јорк длабоко во судиското продолжение постигна гол со кој дојде до реми што значеше дека тие ќе останат лидери и директно ќе одат ранг погре.
Рочдејл од друга страна сега шансата за промоција ќе треба да ја бара преку плеј-оф.