Барса со детали за повредата на Јамал, познато колку ќе отсуствува

by bojan
1 минути читање

Барселона попладнево соопшти дека Ламин Јамал има повреда на задната ложа на левата нога, за него сезоната е завршена, но ќе биде подготвен за Светското првенство.

„Каталонците“ скапо ја платија синоќешната победа над Селта, остнаа без Ламин Јамал.

Младата ѕвезда на Барселона погоди од пенал во финишот на првото полувреме и веднаш се пожали на повреда.

Утрово му беа извршени детални прегледи, а Барселона попладнево соопшти Ламин Јамал ја повредил задната ложа на левата нога и веднаш ќе почне со конзервативна терапија.

Точна временска рамка за опоравување не е наведна, но од Барса брифираат дека напаѓачот ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната во Ла Лига.

Добра вест е тоа што се очекува тој да биде целосно фит за Светското првенство во САД, кое почнува за помалку од 50 дена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×