Поразот од Брајтон со 3-0 предизвика реакција во јавноста, но и кај тренерот на Челси, Лиам Росениор, кој не го криеше разочарувањето од изданието на својот тим.
Лондонскиот состав западна во длабока резултатска криза и го запиша петтиот последователен пораз во Премиер лигата без да постигне гол, со што сериозно ги намали шансите за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
„Многу сум лут. Секогаш го кажувам она што го гледам. Ова беше неприфатливо, головите кои ги примивме, и морам да ја преземам одговорноста. Ќе го оценувам тимот и како целина и индивидуална. Не беше проблемот тактиката, туку желбата, духот и храброста, а не видов ништо од тоа. Не беше доволно добро и мораме да се подобриме“, изјави Росениор.
Серијата на Челси е најлоша во последните 114 години, односно последен пат „сините“ не дале гол и врзале пет порази во 1912.