Манчестер Јунајтед со 1-0 го доби дербито против Челси, сините под водство на Росениор играат во очајна форма.
Челси го доживеа четвртиот пораз по ред во Премиер лигата, па се чини дека за нив и петтото место на табелата изгледа недостижно.
Манчестер Јунајтед освои три многу значајни бодови во битката за местата кои водат во Лигата на шампионите и сега е сигурен на третата позиција.
Единствениот гол на мечот се случи пред крајот на првото полувреме кога Куња по асистенција од Фернандеш погоди за водство на Јунајтед од 1-0, што на крајот беше и конечен резултат.