Трогателен момент: Соиграчите му оддадоа почит на Астори пред „Франки“, па заминаа на првиот тренинг без капитенот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Виолетовите“ се
обидува да се врати во колосек по трагичната смрт на Давиде Астори. Со тага во
срцата и отечени очи, тимот се собра во тренинг центарот на ручек и да се
подготви за првиот тренинг без капитенот.

Пред да истрчаат
на теренот, тие се појавија пред долгиот ѕид на Артемио Франки каде навивачите
уште во неделата почнаа да оставаат посвети, пораки, дресови и шалови. Играчите на чело со
тренерот Стефано Пиоли и директорите, молчејќи гледаа во ѕудот каде закачија
постер на кој сите напишаа посвета за капитенот, а оставија и црвен дрес со
бројот 13 на Астори, потпишан од сите во клубот.

По овој
трогателен момент, играчите од 15 часот почнаа да го одработуваат првиот
тренинг без својот капитен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани