618
Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, им се обрати на навивачите по елиминацијата на каталонскиот тим од Лигата на шампиони, испраќајќи порака со оптимизам и ветување за подобра иднина.
Младиот шпански репрезентативец преку социјалните мрежи реагираше по поразот од Атлетико Мадрид, истакнувајќи дека тимот ќе се врати таму каде што припаѓа.
„Ние сме Барселона и повторно ќе бидеме на врвот. Од дома сум научен дека дадениот збор мора да се исполни, ќе го вратиме трофејот во Барселона“, порача Јамал.
Тој додаде дека тимот го дал максимумот и оставил срце на теренот во дуелот со Атлетико, но тоа сепак не било доволно за пласман во полуфиналето на најелитното европско натпреварување.