82
Аргентинскиот стратег Хавиер Маскерано, кој важеше за еден од најблиските луѓе на Лионел Меси одлучи да се повлече од тренерската функција.
Клубот од МЛС официјално ја потврди веста, истакнувајќи дека Маскерано става крај на својот мандат како главен тренер.
„Хавиер Маскерано одлучи да го заврши својот ангажман. Како вистински шампион, заедно со својот стручен штаб, секогаш ќе остане дел од семејството на Интер Мајами“, соопштија од клубот.
Според американските медиуми, улогата на привремен тренер ќе ја преземе Гиљермо Хојос, кој веќе одработил и тренинг со тимот.
Да потсетиме, во периодот додека Маскерано беше на клупата, Интер Мајами успеа да стигне до шампионската титула во МЛС.