78
Обвинителството на Удине отвори истрага за убиство на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори иако тешко е да се поверува во такво нешто.
„Отворивме истрага против непознат сторител поради сомневање за убиство од небрежност на Давиде Астори. Чуедно е да се случи ваква смрт кај еден професионалец. Не постојат никакви знаци дека имал проблеми со срцето. Засега не обвинуваме никого. Ова е вообичаена процедура“, изјави обвинителот Антонио ди Николо.
Во неделата наутро Астори беше пронајден мртов во хотелска соба во Удине во пресрет на натпреварот со Удинезе.