Повик од Анчелоти за Мундијалот може да добие и 41-годишен ветеран: Јас сум подготвен!

by Стефан
1 минути читање

41-годишниот бразилски дефанзивец Тијаго Силва и понатаму игра на високо ниво во редовите на Порто и покрај тоа што е во залезот на кариерата, а не ја крие амбицијата да настапи и на претстојното Светско првенство со репрезентацијата на Бразил.

Селекторот Карло Анчелоти неодамна порача дека возраста нема да биде пречка за изборот, доколку фудбалерот ја покажува потребната форма и квалитет.

„Никогаш не гледам во датумот на раѓање. Секој бразилски фудбалер што ќе заслужи повик може да смета на место во националниот тим. Ако е доволно добар, ќе биде на списокот, без разлика на годините. Погледнете ги примери како Паоло Малдини или Лука Модриќ“, изјави Анчелоти.

Силва, пак, јасно истакна дека сè уште се гледа во националниот тим и дека не се откажува од сонот за уште едно големо натпреварување.

„Да го завршам патот како светски шампион со Бразил? Никогаш не сум сметал дека тоа е невозможно. Анчелоти знае дека може да смета на мене, подготвен сум“, порача искусниот стопер.

Бразил на претстојниот Мундијал ќе игра во група со Мароко, Шкотска и Хаити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×